Mahmut Atanur
11 Јуни 2019•Ажурирај: 12 Јуни 2019
ЏАКАРТА (АА) - Поплавите, кои за време на викендот ја зафатија провинцијата Источен Калимантан во Индонезија, погодија 20 илјади луѓе, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите објавени во весникот „Темпо“, обилните дождови во градот Самаринда предизвикале поплави во три региони.
Изјавувајќи дека 20 илјади луѓе во регионот се погодени од поплавите, официјални лица нагласија дека на лицата погодени од поплавите итно им се потребни храна и вода за пиење, како и ќебиња и лекови.
Во поплавите што се случија во март во провинцијата Папуа загинаа над 100 лица.
Индонезија, во која владее тропска клима и се наоѓа под влијание на монсунските дождови, честопати во текот на годината, поради интензивните врнежи од дожд се соочува со поплави и лизгање на земјиштето.