Adem Şalvarcıoğlu
22 Февруари 2017•Ажурирај: 22 Февруари 2017
ЏАКАРТА (АА) - Најмалку две лица загинаа во поплавите што ја зафатија Џакарта, главниот град на Индонезија, јавува Anadolu Agency (AA).
Илјадници домови се под вода во поплавите предизвикани од обилните монсунски дождови што траат веќе седум дена.
Портпаролот на Канцеларијата за природни катастрофи, Сутопо Пурво Нугрохо, соопшти дека се преплавени 54 населби во Џакарта.
Тој потврди дека се пронајдени две тела и дека илјадници куќи се под вода.
Според она што го соопшти Нугрохо, од поплавите се погодени 1.314 семејства.
„Спасувачките екипи се на теренот, додека сите загрозени жители се евакуираат во безбедна зона“, истакна Нугрохо.
Нивото на водата во некои области достигна висина и до два метра.
На повеќе места се поставени и шатори со хуманитарна помош, додека голем број патишта се затворени за сообраќај.