Ekipa
22 Февруари 2017•Ажурирај: 23 Февруари 2017
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Севернокорејските дипломати побараа од малезиските власти да ги ослободат двете жени осомничени за убиството на Ким Џонг Нам, полубрат на Ким Џонг Ун, лидерот на Северна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од страна на амбасадата на Северна Кореја во Куала Лумпур, се отфрлува полицискиот извештај за убиството на Нам.
Според извештајот, две жени со раце обложени со отров го фатиле лицето на Нам кој стоел кај трафиката за продажба на билети на аеродромот во Куала Лумпур.
Од севернокорејската амбасада прашуваат: „Ако отровот бил на нивните раце, како е можно осомничените жение да се уште живи?“
Една од осомничените жени е државјанин на Индонезија, другата на Виетнам. Нам беше убиен на аеродромот во Куала Лумпур на 14 февруари оваа година.