Zehra Ulucak
17 Август 2020•Ажурирај: 23 Август 2020
АНКАРА
Сезоната на монсунски дождови во Индија предизвика поплави во кои животот го загубија најмалку 868 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави индискиот весник „Тајмс“, Одделението за раководење со катастрофи при Министерството за внатрешни работи во својот извештај од 12 август информира дека поплавите предизвикани од монсунските дождови што ја зафатија Индија во 2020 година, досега во 11 нејзини сојузни држави одзеде 868 животи.
Во извештајот се наведува дека во истиот период минатата година загинале 908 лица.
РК Џенамани од Националниот центар за временска прогноза зборувајќи дека оваа година биле сведоци на исклучително поројни врнежи од дожд и други екстремни временски настани, изјавуви „Пример, во еден град во подрачјето Џаипур, во период од 6 часа имаше врнежи од 250 мм на квадратен метар“.
Во меѓувреме, поплавите предизвикаа оштетувања на илјадници хектари обработливо земјиште, живеалишта и патишта, оставајќи стотици илјади лица без дом над главата, кои се згижени во засолништа.
Јужна Азија во периодот јуни - септември е под интензивно влијание на монсунски врнежи од дожд, кои секоја година предизвикуваат големи природни катастрофи и несреќи.