Ekipa
20 Ноември 2018•Ажурирај: 22 Ноември 2018
РИЈАД (АА) - Во поплавите предизвикани од поројните дождови, кои во последниов месец ја зафатија Саудиска Арабија, животот го загубија 35 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на саудиската државна новинска агенција СПА (SPA), во соопштението на Дирекцијата за цивилна одбрана се вели дека поради поплави и други несреќни случаи предизвикани од поројните дождови кои во последниов месец ја зафатија земјата, загинале 35 лица, од кои 11 во градот Мека.
Се вели дека од поплавите спасени се 2.517 лица кои поради дождовите биле заглавени во 13 подрачја, од кои 384 во Ријад.
Според соопштеното, евакуирани се вкупно 4.038 лица во 7 подрачја, пред сѐ во градот Џевф, а обезбедено е засолнување за 2.536 лица.