Bahattin Gönültaş
10 Февруари 2020•Ажурирај: 11 Февруари 2020
БЕРЛИН (АА) - Поради ураганот „Сабина“, кој е активен во Германија, многу авиокомпании ги откажаа летовите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од компанијата „Фрапорт“, која управува со аеродромот во Франкфурт, е наведено дека дошло до нарушување на работата на аеродромските служби поради ветерот кој достигнува брзина од околу 120 километри на час, а од безбедносни причини денес се откажани 140 летови.
Вчера на аеродромите во Берлин, Франкфурт, Дизелдорф, Келн, Минхен и Хамбург се откажани вкупно 350 летови.
Германската авиокомпанија „Луфтханза“ исто така објави дека сите летови на аеродромот во Минхен се запрени до пладне.
Наведено е исто така дека ураганот „Сабина“ предизвикува проблеми и во железничкиот сообраќај.