Ekipa
15 Август 2017•Ажурирај: 16 Август 2017
ШАРЛОТСВИЛ (АА) - Поранешниот американски претседател Барак Обама на социјалната мрежа „Twiter“ (Твитер) сподели цитат на Нелсон Мандела како одговор на насилството и нередите на улиците на Шарлотсвил во Вирџинија, а неговата објава влезе во редот на оние со најголем број лајкови во историјата на социјалната мрежа, јавува Anadolu Agency (AA).
Како реакција на нередите предизвикани од протестите на неонацистичките групи и заговарачите на белиот супремизам во Вирџинија, поранешниот претседател на САД, Обама, ја цитираше пораката од автобиографијата на Мандела „Долг пат до слободата“.
„Никој не е роден со омраза кон другиот поради неговата боја на кожата или потеклото или религијата“, се наведува во цитатот што Обама го објави со фотографија на којашто им се насмевнува на деца од различна раса.
За два дена, пораката на Обама доби 2,4 милиони лајкови, а само пораката на пејачката Аријана Гранде што ја објави по терористичкиот напад на нејзиниот концерт во Манчестер собра повеќе лајкови, вкупно 2,7 милиони.