Servet Günerigök
04 Февруари 2022•Ажурирај: 05 Февруари 2022
ВАШИНГТОН (АА) - Бен Хоџис, поранешен командант на американските сили во Европа, вчера го советуваше претседателот Џо Бајден да ја прекине помошта за терористичката организација ЈПГ/ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Говорејќи на виртуелната дискусија со соработникот на Институтот „Хадсон“, Мајкл Доран, Хоџис, поддршката на САД за организацијата во Сирија ја нарече иритантна за Турција.
„Дури и оние што не се поддржувачи на Ердоган, што е околу половина од земјата, навистина се вознемирени поради оваа поддршка на ЈПГ“, рече поранешниот командант, мислејќи на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Тој, исто така, го повика Бајден да го посети Ердоган во Анкара во следните три месеци.
Поддршката на САД за ЈПГ/ПКК е еден од главните спорови меѓу двете земји откако Вашингтон ја поддржа терористичката организација во борбата против ДЕАШ во 2015 година.
И покрај безбедносните грижи на Анкара, САД оттогаш не ја прекинаа својата поддршка за организацијата.
Турскиот претседател Ердоган долго време се спротивставуваше на американската поддршка за терористичката организација ЈПГ/ПКК која САД ја даваат поради наводна нејзина борба против ДЕАШ, велејќи дека користењето на една терористичка организација за борба против друга нема смисла.