Ömer Faruk Yıldız
06 Јуни 2020•Ажурирај: 06 Јуни 2020
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Поранешниот премиер на Малезија, Махатир Мухамед, е исклучен од малезиската Обединета партија на Малезија, што ја основаше во 2016 година, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во писмената изјава од управата на партијата се наведува дека поранешниот премиер Махатир и членовите на партијата, Мухриз Махатир, поранешниот министер за спорт Сеит Садик, Амирудин Хамза, како и поранешниот министер за образование Масзли Малик, со одлука на дисциплинскиот одбор се исклучени од партијата бидејќи не седеле со останатите членови на партијата на вонредната седница на Парламентот одржана на 18 март.
Членот на Високиот совет на партијата, Ван Сејфул Ван Џан, изјави дека одлуката не била донесена како резултат на лични пресуди на раководството од партијата.
„Ниту една политичка партија во светот не би дозволила пратениците да седнат на одделни места во Парламентот. Затоа, нивното членство автоматски се прекинува“, рече Ван.
Во заедничката изјава објавена од Махатир и четворицата политичари се наведува дека одлуката за смена на раководството на партијата е незаконско.
„Оваа одлука е одраз на опресивните ставови на лидерот на партијата [премиерот Мухидин Јасин]. Фактот што претседателот без никаква причина нѐ исклучи од партијата покажува дека има потешкотии во управувањето со движењето што води пред партиските избори“, се порачува.
Махатир и по неговото пензионирање остана значајна фигура на политичката сцена во Малезија и честопати ги критикуваше грешките на премиерот кој дојде на власт по него.
Тој ја напушти партијата УМНО, чиј член беше повеќе од 70 години, на 29 февруари 2016 година, откако партијата ѝ даде поддршка на Владата на Резак, која беше вмешана во скандали со корупција и перење пари поврзани со развојните фондови „RM2.6bil“ и „1Malaysia Development Berhad“. Тогаш изјави дека се срами да биде поврзан со партија што поддржува корупција. Потоа, на 9 септември 2016 година ја основа Обединетата партија на Малезија (PPBM).
Опозициските партии во Малезија, УМНО и Малезиската исламска партија, на 23 февруари започнаа формирање нова владејачка коалиција под називот Национален сојуз, со цел рушење на власта предводена од Махатир, што доведе до криза во власта.
Махатир следниот ден поднесе оставка на местото премиер бидејќи, како што рече, не сака да работи со имиња вклучени во корупција во партијата УМНО.