Ömer Aydın
10 Јули 2017•Ажурирај: 11 Јули 2017
ПАРИЗ (АА) - Поројните врнежи во централниот дел на Франција предизвикаа поплави и излевање на помалите реки од коритата, а во Париз поголем број метро станици останаа под вода, јавува Anadolu Agency (AA).
Повеќе од 20 метро станици утрово осамнаа под вода, а меѓу затворените станици во центарот на Париз се и Порт деВерсал, Маисон бланш, Порт да ла Вилет, Републик, Жак Бонсергент, Ке де ла Рапе и Сен-Мишел.
Надлежните органи се на теренот и работат на испумпување на водата од метро станиците, но сѐ уште не се знае кога може да бидат отворени овие станици.
Поплавени се и приземните катови на многу згради во Париз, а пак противпожарните служби и службата за цивилна заштита се на теренот.
Службата за хидрометеоролошки работи на Франција вчера издаде портокалов метеоаларм за областа на Париз, а поројни врнежи се очекува да има и во текот на денот.