Muhammet Nazım Taşcı
10 Септември 2022•Ажурирај: 13 Септември 2022
КВЕТА (АА) - Поројните врнежи од дожд во Пакистан предизвикаа излевање од коритото на езерото Манчар, најголемото слатководно езеро во земјата, известува Агенција Анадолија (АА).
Американската вселенска агенција НАСА во повеќе наврати објави фотографии од езерото Манчар, и тоа на 25 јули, 28 август и 5 септември.
Од фотографиите може да се заклучи дека водостојот на езерото, односно површината на езерото е енормно зголемена.
Официјалните претставници на НАСА предупредија дека околу 100.000 лица се соочуваат со ризик од поплави во населбите во долината низ која водата се излева од езерото.
Монсунските дождови во Пакистан предизвикаа поплави и свлечишта во кои од 14 јуни досега животот го загубија најмалку 1.396 лица.