Mohamad Misto,Levent Tok
15 Ноември 2017•Ажурирај: 16 Ноември 2017
ХАСАКА/АНКАРА (АА) - Тала Сило, кој е еден од портпаролите на терористичката организација ПКК/ПЈД позната како СДГ во Сирија, ја напушти оваа организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде АА од доверливи локални извори, еден од портпаролите на СДГ (ПКК/ПЈД), Сило, синоќа ја напушти организацијата.
Сеуште не се знае причината зошто Сило ја напушти групата.
- Поранешниот портпарол на ЈПГ назначен во СДГ
Како што се дознава, еден од поранешните портпароли на ЈПГ, Редур Халил, е назначен како одговорно лице за надворешна политика во СДГ.
Таканареченото назначување уште еднаш покажа директната врска на ПКК/ПЈД со СДГ.
Како што американскиот генерал Рајмонд Томас во јули откри дека името СДГ е ставен со цел ПКК/ПЈД или ЈПД да седне на маса како легитимна политичка страна.
Никогаш не постоела организација независна од ПКК/ПЈД под името СДГ. Поголемиот дел од милитантите и целосното раководство на СДГ, формиран на 12 октомври 2015 година со регрутирање на неколку арапски борци, сеуште им припаѓаат на ПКК/ПЈД.