Ekipa
12 Август 2017•Ажурирај: 13 Август 2017
АНКАРА (АА) - Во извршените копнени и воздушни напади во последните два месеца во центарот на градот Рака, Сирија, кој е под контрола на терористичката организација ДЕАШ, животот го загубија 946 цивили, јавува Anadolu Agency (AA)
Локалната мрежа на активисти „Рака тивко се масакрира“, во нападите извршени во периодот меѓу 6 јуни и 8 август, во центарот на градот Рака, животот го загубиле најмалку 946 лица.
Исто така се истакнува дека околу 450.000 цивили од Рака, каде веќе два месеца нема вода и електрична енергија, ги напуштиле своите домови поради нападите на коалицијата во борбата против ДЕАШ и нападите на ПКК/ПЈД.
„Околу 30.000 цивили во Рака, која е под опсада на ПЈД, се заглавени во градот поради поставените мини од страна на ДЕАШ, поради кои е невозможно да се напушти градот“, се вели на интернет-страницата на оваа локална мрежа на активисти.
Од Мрежата истакнуваат дека ДЕАШ применува различни методи поради случајните напади на терористичката организација ПКК/ПЈД. „ДЕАШ ги зголеми самоубиствените напади со цел да ја заштити Рака. Досега се извршени над 60.000 самоубиствени напади“, велат тие.
Претходно беше соопштено дека операцијата предводена од страна на САД, врз центарот на градот Рака, е започната на 6 јуни.
Сириската мрежа за човекови права (СНХР) во јули соопшти дека најмалку 1.400 цивили го загубиле својот живот, од кои 308 деца, 203 жени, во извршените операции во Рака во последните осум месеци.