Elena Teslova
25 Март 2019•Ажурирај: 26 Март 2019
МОСКВА (АА) - Портпаролот на руското Претседателство, Дмитри Песков, ги нарече неосновани наводите за мешање на Кремљ во претседателските избори во Соединетите Американски Државии (САД) во 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Коментирајќи ги наводите на американскиот специјален советник Роберт Милер, од истрагата во врска со ова прашање, Песков изјави дека обвинувањата што продолжуваат да се прават против Русија се неосновани.
„Тешко е да се пронајде црна мачка во темна просторија, особено ако не се наоѓа таму. Објавениот дел од извештајот на Милер не содржи ништо ново што ги поткрепува обвинувањата за руско мешање во изборите во САД, само признавањето на отсуство на каков било заговор“, изјави Песков за новинарите во Москва.
Јавниот обвинител Вилијам Бар во неделата до Конгресот на САД достави свои главни заклучоци од речиси двегодишната истрага на Милер за тоа дали кампањата на Трамп била координирана со Кремљ за да влијае на изборите.
„Специјалниот советник не откри дека кампањата на Трамп, или некој што е поврзан со него, заговарал или координирал со руската Влада за да влијае на изборите“, пишува во документот.
Истовремено извештајот покажува дека постојат два главни обиди за мешање од руска страна.
Трамп во неколку наврати ги негираше обвинувањата за каков било заговор со Русија за да ги намали шансите на номинираниот демократски противкандидат, Хилари Клинтон, за победа во Белата куќа во 2016 година.
Во своите први забелешки до новинарите во врска со резимето на јавниот обвинител, Трамп ја нарече истрагата срамна, но дека претставува целосно ослободување.