Cem Genco
25 Март 2019•Ажурирај: 26 Март 2019
ХАТАЈ (АА) – Шеснаесет камиони со хуманитарна помош беа испратени во градот Идлиб, Сирија, од страна на Обединетите нации (ОН), јавува Anadolu Agency (AA).
Шеснаесетте камиони на ОН со хуманирна помош го преминаа граничниот премин „Џилвеѓозу“ во Рејханли, Хатај.
Хуманитарната помош од камионите ќе биде дистрибуирана во Идлиб и во руралните средина на оние на кои им е потребна.
- Продолжува враќањето на иселените во безбедносните зони -
Од друга страна, враќањето на Сиријците во безбедносните зони во Идлиб и неговата околина продолжува.
Сиријците кои живеат во различни места на Турција, со неколку парчиња облека доаѓаат во Рејханли.
Откако ќе бидат извршени контролите на граничниот премин „Џилвеѓозу“, Сиријците се враќаат во безбедносните подрачја во нивните земји.