Ekipa
06 Март 2017•Ажурирај: 07 Март 2017
ТОКИО (АА) - Јапонските власти утринава потврдија дека во падот на хеликоптерот за спасување прогласени се за загинати сите девет лица кои се ноѓале во леталото, пренесува Anadolu Agency (АА).
Хеликоптерот падна во планина со снежна покривка во централна Јапонија, а според она што го соопштија властите, во него се наоѓале седум пожарникари, инженер и пилот. Хеликоптерот на спасувачкиот тим од покраината Нагано се урна за време на пробниот лет над планината Хачибусе, 250 километри североисточно од Токио.
Снимките од јапонските телевизии ги покажаа остатоците од леталото расфрлани по длабоката снежна покривка.
Причините за несреќата сè уште се непознати, а започната е и истрага.