Ekipa
06 Март 2017•Ажурирај: 06 Март 2017
ПАНАМА (АА) - Најмалку 18 лица загинаа, а 37 се повредени, кога автобус со работници излетал од патот југозападно од главниот град на Панама, соопштија властите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случила на територијата на пoкраината Антон, на околу 170 километри од главниот град на Панама, а засега официјалните претставници не ги соопштија причините.
„Сите настрадани се наоѓаа во автобусот кој превезувал повеќе од 50 работници од фарма. Шеснаесет лица починале на лице место, а две во болница. Уште едно лице е во критична состојба“, изјави директорот на Цивилната заштита, Жозе Дондерис.
Фотографиите кои ги објавија локалните медиуми од местото на настанот пoкажуваат автобус кој излетал од патот во поток под мост.
Портпаролот на Владата на Панама, Мануел Домингес, соопшти дека сите загинати биле возрасни мажи.