Tufan Aktaş
12 Февруари 2020•Ажурирај: 13 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ
Комунистичкиот поет Марселино дос Сантос, едно од трите имиња што ја водеше борбата за независност на Мозамбик, почина на 90-годишна возраст, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Го загубивме Марселино дос Сантос, нашето симболично име“, рече претседателот Филипе Нјуси, во градот Пемба.
Нјуси соопшти дека за Сантос, кој во 2015 година беше прогласен за национален херој, ќе биде одржана државна церемонија.
Илјадници граѓани на Мозамбик ја споделија својата тага поради смртта на Сантос преку социјалните медиуми, а исто така сочувство упати и Националниот конгрес на Африка, која е владејачка партија во Јужна Африка.
- Во последните години од животот ги отвори за АА вратите на својот дом
Сантос, пред околу 3 години, ги отвори вратите на својот дом за Агенцијата Анадолија. Имаше разни здравствени проблеми и не можеше да излегува од својот дом.
Марселино дос Сантос беше еден од основачите на Ослободителниот фронт на Мозамбик (FRELIMO) во 1962 година против португалскиот колонијализам. Тој е познат како водач кој својот живот го посвети на својата земја.
Стана претседател на партијата по убиството на претседателот на Ослободителниот фронт на Мозамбик (FRELIMO), Едуардо Мондлан. Сантос исто така беше познат и по својата цврста посветеност на комунистичката идеологија и по неговата поетска личност.
Комунистичкиот поет Марселино дос Сантос, исто така, беше основач и водач на голем број антиколонијални организации во Лисабон и Париз, каде што студираше.