Adam Abu Bashal
21 Март 2019•Ажурирај: 21 Март 2019
АБУЏА (АА) – Поради поплавите и ураганот во јужноафриканската земја Мозамбик, 15.000 лица качени на покривите на куќите или на дрвјата, сѐ уште чекаат да бидат спасени, јавува Anadolu Agency (AA).
Келсо Кореиа, министер за земјиште и животна средина на Мозамбик, истакна дека 15.000 луѓе сѐ уште чекаат да бидат спасени од поплавите настанати како резултат на ураганот Идаи. Кореиа нагласи дека поради поплавите лицата се заглавени на покривите од куќите и на дрвјата.
Тој, исто така рече дека стигнале до мртвите тела на 300 лица, а дека речиси 3.000 лица биле спасени.
Во Мозамбик минатата недела стотици луѓе беа повредени во ураганот Идаи и во поплавите настанати како резултат на ураганот.
Најмалку 90 проценти од крајбрежниот град Беира беа погодени од поплавите и бурите.
Претседателот Филипе Нјуси прогласи тридневна национална жалост во спомен на оние кои ги загубија своите животи поради ураганот и поплавите во земјата.