Mustafa Deveci
20 Август 2020•Ажурирај: 21 Август 2020
КУДС
Почина 16-годишниот Палестинец Мухамед Матар кој вчера веше ранет со куршум од страна на израелските сили во окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од локалните извори, израелската војска го информираше семејството на Матар дека починало нивното дете кое вчера беше рането со куршум во близина на селото Деир Ебу Мешал кое се наоѓа во близина на Рамалах.
Откако бил ранет, Матар бил приведен од страна на израелските сили, додека неговото мртво тело сѐ уште не е предадено на неговото семејство.
Синоќа во близина на селото Деир Ебу Мешал настанаа немири меѓу израелските сили и палестинските момчиња, при што беа ранети тројца Палестинци.
Матар беше ранет со вистински куршум, а потоа беше приведен од страна на израелските сили, додека останатите двајца ранети Палестинци беа пренесени во болница од страна на здравствените тимови.