Ekipa
25 Февруари 2020•Ажурирај: 26 Февруари 2020
КАИРО (АА) - Египетските медиуми соопштија дека на 91-годишна возраст почина поранешниот претседател на Египет, Хосни Мубарак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на египетската државна телевизија, Мубарак долго време имал здравствени проблеми.
Ала, синот на Мубарак, пред извесно време истакна дека неговиот татко бил задржан на интензивна нега поради влошување на здравјето.
Инаку, Мубарак е роден на 4 мај 1928 година. Тој во 1981 година стана претседател на Египет откако тогашниот претседател Енвер Седат беше убиен во атентат.
Како резултат на народните демонстрации што се случија во периодот наречен „Арапска пролет“, во февруари 2011 година Мубарак поднесе оставка, а својата функција му ја предаде на неговиот тогашен заменик, Омер Сулејман.