Burak Bir
01 Септември 2026•Ажурирано: 01 Септември 2026
Поранешниот француски премиер Едуар Баладур почина вчера на 97-годишна возраст, соопшти францускиот премиер Себастиен Лекорну, јавува Анадолу.
Баладур беше премиер на Франција од 1993 до 1995 година за време на мандатот на социјалистичкиот претседател Франсоа Митеран.
Францускиот претседател Емануел Макрон му оддаде почит на Баладур, опишувајќи го како „вреден, одмерен и посветен слуга“ на Франција, кој „ѝ го посветил животот на Петтата Република“.
„Му оддавам почит и им изразувам сочувство на неговото семејство и на неговите најблиски.“, напиша Макрон на американската компанија за социјални медиуми Х.
Баладур е роден во турската егејска област Измир на 2 мај 1929 година. Со семејството се преселил во Франција во 1934 година, кога имал пет години.
Од 1986 до 1988 година беше и министер за финансии во Владата на Жак Ширак.