Barış Seçkin
12 Јуни 2023•Ажурирај: 13 Јуни 2023
РИМ (АА)
На 86-годишна возраст почина поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, пренесува Анадолу.
Веста ја објави италијанската новинска агенција АНСА.
Берлускони минатата недела беше хоспитализиран во болницата „Сан Рафаеле“, што се наоѓа во Милано, поради компликации поврзани со претходно непозната хронична леукемија, соопшти АНСА.