Mahmut Atanur
23 Декември 2019•Ажурирај: 26 Декември 2019
ЏАКАРТА
Починаа тројцата студенти кои останаа заглавени во пештера во подрачјето Караванг во индонезиската провинција Западна Јава, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави весникот „Компас“ (Kompas), тројца студенти од Универзитетот „Сингапербангса Караванг“, вчера како дел од организираната прошетка од страна на заедницата на љубители на природата, влегле во една пештера во која останале заробени поради поројните врнежи од дожд.
Властите соопштија дека во текот на целата вечер биле попречени спасувачките операции поради тесниот влез во пештерата и поради тоа што студентите се наоѓале на точка многу оддалечена од влезот.
Претставник на локалната власт соопшти дека утрово се пронајдени безживотните тела на тројцата студенти, информирајќи дека според првичните информации можно е студентите да починале од недостаток на воздух.
Телата на починатите студенти се префрлени во болница за спроведување аутопсија, а во тек е истрага за несреќата.