свет

Појасот Газа: Болницата „Камал Адван“ девастирана во израелските напади

Вознемирувачките снимки од девастираниот болнички комплекс ја покажуваат сета бруталност од неколкудневните израелски напади, по што оваа болница остана вон функција

Ramzi Mahmud, Gülşen Topçu  | 27.10.2024 - Обновена : 27.10.2024
Појасот Газа: Болницата „Камал Адван“ девастирана во израелските напади Фото: Karam Hassan/АА

ГАЗА (АА) – Израелската војска вчера се повлече од болничкиот комплекс „Камал Адван“ на северот на Појасот Газа, оставајќи зад себе тела на број жртви во девастираната здравствена установа, јавува Анадолу.

Вознемирувачките снимки од девастираниот болнички комплекс ја покажуваат сета бруталност од неколкудневните израелски напади, по што оваа болница остана вон функција.

Израелската војска со булдожер го урна надворешниот ѕид на болницата и шаторите на раселените Палестинци кои побараа засолниште внатре и околу болницата.

Болните, ранетите и раселените во болницата останаа два дена без храна, вода и лекови кога израелската војска упадна во болницата.

Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, Израел продолжи со разорната офанзива на Појасот Газа по минатогодишниот напад на палестинската група на отпорот Хамас.

Оттогаш, според локалните здравствени власти, убиени се речиси 43.000 луѓе, главно жени и деца, а над 100.000 се повредени.

Израелската офанзива го расели речиси целото население на Појасот Газа, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел се соочува со обвиненија за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите напади врз Појасот Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.