Ekipa
01 Мај 2017•Ажурирај: 02 Мај 2017
МОСКВА/КИЕВ(АА) - Илјадници работници се собраа денес на централните плоштади во Москва и во Киев, барајќи поголеми работнички права и подобри услови за работа, јавува Anadolu Agency (AA).
Во светот денес се одбележува Меѓународниот ден на трудот, како своевиден спомен на големите работнички демонстрации одржани во Чикаго, во 1886 година. Демонстрациите се организирани во знак на протест, поради неисполнување на работничките барања за подобрување на условите за работа.
Празникот во поширока смисла има многу поголемо значење за работничкото движење и воедно претставува и ден на светската работничка солидарност.
Како и останатиот дел од светот, илјадници работници се собраа денес на главниот московски „Црвен плоштад“ пред Кремљ.
Слична е ситуацијата и во соседна Украина, каде што централниот собир по повод Први мај е организиран во центарот на Киев.