Mahmut Atanur
01 Мај 2018•Ажурирај: 01 Мај 2018
ЏАКАРТА (АА) - Во Џакарта, главниот град на Индонезија, денес на протестите по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, се собраа околу 60.000 работници кои бараа зголемување на платите, јавува Anadolu Agency (АА).
Во светот денес се одбележува 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, а најчесто се одржуваат протести со барање за подобрување на условите за работа и подобра заштита на работничката популација.
На протестите во Џакарта се придружија и жителите од другите градови, меѓу кои Богор и Бекаси.

Претседателот на Синдикатите во Индонезија, Саид Икбал, изјави дека работниците од власта бараат зголемување на платите, намалување на цената на оризот, бензинот и електричната енергија, како и спречување на увозот на неквалификувана работна сила од одредени земји, меѓу кои и Кина.
Полицијата презема високи безбедносни мерки, а поради одржувањето на протестот, привремено за сообраќај се затворени и одредени главни сообраќајници во Џакарта.