Sena Güler
01 Мај 2021•Ажурирај: 02 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција и највисоките официјални претставници го одбележаа Денот на трудот и солидарноста, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Им го честитам 1 Мај, Денот на трудот и солидарноста, на работниците кои со нивната пот направија нашата земја да расте“, порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган преку Твитер, споделувајќи го линкот со неговата порака со која се одбележува денот, објавена вчера.
Турскиот потпретседатело Фуат Октај ги поздрави работниците кои рече: „даваат најголем придонес за растот и развојот на нашата земја“.
Директорот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, исто така се огласи на Твитер со порака по повод денот: „До денес, со сите сили сме покрај нашите работници и ќе продолжиме да стоиме покрај нив“.
И турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, го одбележа денот со порака:
„Им честитаме на сите наши работници кои ѝ даваат вредност на оваа земја со својот труд“, рече Сојлу.
Први мај или Меѓународниот ден на работникот првпат се појави како настан за одбележување на трудот на работниците во светот на 1 мај 1886 година, кога група работници во САД одржаа масовен штрајк за осумчасовен работен ден.
Првото официјално одбележување на 1 Мај во Турција беше во 1923 година.
Како мерка за јавното здравје во борбата против коронавирусот, во Турција е воеден карантин кој стапи во сила од четвртокот вечерта и ќе трае до 17 мај.