Ekipa
29 Ноември 2017•Ажурирај: 29 Ноември 2017
БЕРЛИН (АА) - Мишел Барние, главен преговарач на Европската Унија во преговорите за излез на Велика Британија од Унијата, рече дека се надева оти ќе се постигне договор за финансиско порамнување пред самитот на ЕУ, во средината на декември, јавува Anadolu Agency (AA).
Мишел Барние ги отфрли гласините што се појавија вчера, според коишто двете страни постигнале согласност за сметката за Брегзит, односно дека Велика Британија треба да уплати околу 50 милијарди евра.
„Се надевам дека на самитот на ЕУ, на 14. и 15. декември во Берлин, ќе можам го информирам Советот на Европа дека во меѓувреме успеавме да постигнеме договор за ова прашање“, изјави Барние денес.
Тој додаде дека постигнувањето таков договор со Лондон би значело дека е постигнат важен чекор во заедничките односи.
Британската Влада тврди дека преговорите за финансиското порамнување сѐ уште се во тек и оти не е договорена никаква сума.