Ekipa
21 Септември 2017•Ажурирај: 21 Септември 2017
САН ХУАН (AA) – Надлежната Метеоролошка служба го прекина предупредувањето за ураганот во Порторико, Кулебра и за Вијекес, пренесува Anadolu Agency (AA).
Националниот центар за урагани на САД, во Мајами, објави дека ураганот Марија сега се наоѓа на 85 километри североисточно од Пунта Кана, во Доминиканската Република. Максималната јачина на ветерот изнесува 175 км/ч, а бурата се движи кон северозападниот дел со брзина од 15 км/ч.
Од центарот во Мајами предупредуваат оти се очекува ураганот во Доминика да пристигне во вечерните часови по локално време
Ураганот Марија вчера го погоди Порторико, како најсилен во последните 80 години. Зад себе остави стотици уништени домови, целиот остров остана без струја, а некои од улиците ги претвори во бесни реки. Се предупредува дека разорувањето од ураганот Марија би можел Порторико да го доведе во финансиска криза.
Феликс Делгадо, градоначалник на Катана, која се наоѓа на северниот дел од брегот на Порторико, за локалните медиуми изјави дека во населбата Хуана Матос се уништени 80 отсто од куќите.
Ураганот Марија во понеделникот и во вторникот ги погоди островите Доминика и Гвадалуп, каде што беа забележани девет смртни случаи, а причинета е и голема материјална штета.