Ömer Aydın
21 Септември 2017•Ажурирај: 21 Септември 2017
ПАРИЗ (АА) - Дневните весници во Франција денес не излегоа од печат бидејќи голем број синдикати донесоа одлука за штрајк против Предлог-законот за работа, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради одлуката за штрајк на Генералната конфедерација за работа на Франција (ЦГТ), во кој се придружија и вработените од секторот за печатење и дистрибуција при овој синдикат, денешните весници не излегоа од печат.
Весниците преку вчерашното издание соопштија дека нема да бидат дистрибуирани поради штрајкот, но објавувањето на вестите ќе продолжи преку интернет.
Голем број весници понудија бесплатни онлајн-верзии за нивните читатели.
По усвојувањето на реформата на Законот за работа, што минатата година предизвика милиони лица да излезат на протести, владата овој пат донесе одлука за измени во Законот. Француските синдикати се спротивставуваат на тоа измените да бидат прифатени со владин декрет, без за тоа да се гласа во парламентот.
Инаку, на првиот национален протест организиран на 12 јуни, против споменатите реформи, учествуваа 400.000 лица. Овие протести се првите улични демонстрации по доаѓањето на Емануел Макрон на позицијата претседател, а ќе продолжат и денес и на 25 септември.