Emel Gözellik,Zehra Ulucak
07 Јануари 2020•Ажурирај: 08 Јануари 2020
АНКАРА
Земјотрес со јачина од 6,5 степени го погоди Порторико, што се наоѓа на Карибите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Центарот за геолошки истражувања на САД (USGS), епицентарот на земјотресот бил на 5 километри југоисточно од местото Таљабоа, на длабочина од 10 километри.
Сѐ уште нема информации околу тоа дали има жртви или повредени во земјотресот.
Исто така, Порторико вчера беше погодено од земјотрес со јачина од 5,7 степени. Овој земјотрес предизвика големи оштетувања кај некои згради, додека во одредени места се случија свлечишта.