Emre Aytekin
11 Јануари 2020•Ажурирај: 14 Јануари 2020
САН ХУАН
Земјотрес со јачина од 6 степени го потресе Порторико, Карибите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Центарот за геолошки истражувања на САД (USGS), епицентарот на земјотресот бил на отворено море, 13 километри од брегот кај градот Индиос кој се наоѓа во јужниот дел на островот.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Сѐ уште не се знае дали има жртви или повредени во земјотресот. Дирекцијата за снабдување со електрична енергија соопшти дека се постојат прекини на електричната енергија долж јужното крајбрежје.