Zehra Ulucak
19 Септември 2018•Ажурирај: 19 Септември 2018
САО ПАОЛО (АА) - Во еден бразилски затвор со број на затвореници поголем од постоечкиот капацитет, дојде до обид за групно бегство, по кој се пресметаа две спротивставени групи. Во судирот до кој дојде, животот го загубија 7 лица, а најмалку 3 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Во вестите објавени во бразилските медиуми, официјално лице на бразилската држава Пара, сместена во северниот дел на земјата, информираше дека синоќа, во доцните вечерни часови, 16 затвореници се обиделе да избегаат преку системот за вентилација од затворот што се наоѓа во подрачјето Алтамира.
Откако преку безбедносните камери бегалците биле забележани и фатени, околу 120 затвореници во различни делови од затворот подметнале оган и организирале бунт.
Во соопштението се вели дека избувнала пресметка меѓу затворениците, припадници на две спротивставени групи. Во судирот животот го загубиле 7 лица, а најмалку 3 се повредени.
Во Бразил често на дневен ред доаѓа прашањето за прекубројноста во затворите. Настанот се случи во затвор во кој, иако има капацитет за 208 затвореници, во него биле сместени дури 374 осуденици.