Alaattin Doğru
05 Јули 2018•Ажурирај: 06 Јули 2018
ДАКАР (АА) - Претседателот на Екваторска Гвинеја, Теодоро Обианг Нгуема, потпиша декрет за помилување на сите политички затвореници во оваа централноафриканска држава, пренесува Anadolu Agency (AA).
Државната телевизија на таа земја јави дека претседателот Нгуема потпишал општ акт за помилување на сите државјани осудени на политичка основа.
Со декретот се укинати и забраните за политичко дејствување на сите поединци.
Судот во Екваторска Гвинеја во февруари оваа година ја забрани работата на најсилната опозициска Народна партија за развој.
Вкупно 21 раководител на партијата, вклучувајќи и парламентарен претставник, се осудени на затворски казни во траење од 30 години.
Сите се товарат за обид за рушење на јавниот поредок и предизвикување неред за време на минатогодишите избори.
Уставниот суд ги потврди казните, што предизвика внатрешни превирања во таа африканска држава, но и зголемен притисок од меѓународната заедница.
Претседател на Екваторска Гвинеја, Нгуема, на функцијата дојде со воениот удар во 1979 година.