Müslüm Etgü
17 Април 2016•Ажурирај: 18 Април 2016
ШАНЛИУРФА (АА) - Осудените лица кои за време на својот престој во затворот во Шанлиурфа посетуваат курс за столари и во своите работилници прават куќички за птици и училишни клупи, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за затвор кој е изграден пред пет години и во кој казната ја отслужуваат 4.500 затвореници, и речиси сите од нив учествуваат во бројни работилници и курсеви за поквалитетно искористување на нивното време.
Еден од овие курсеви се изведуваат во столарската работилница во која 32 затвореници започнаа проект за изработка на 4.500 куќички за птици и 5.000 училишни клупи.
Директорот на затворот Хасан Јилмазер за АА изјави дека затворениците учат занаети, корисно го трошат времето и заработуваат пари за својот труд.
„Со регионалните дирекции за шумарство и образование потпишавме договор за правење куќички за птици и училишни клупи. Куќичките ќе ги поставиме во шумата, и со училишмните клупи ќе ги израдуваме учениците во училиштата во периферијата. Ние сме убедени во мноштвото бенефиции од ваквите работилници и ќе продолжиме да работиме во таа насока”, рече Јилмазер.