Merve Berker
21 Октомври 2023•Ажурирај: 22 Октомври 2023
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, телефонски разговараа денес за најновата ситуација во Газа, објави турската Дирекција за комуникации, известува Анадолу.
Во соопштението се наведува дека Ердоган и Столтенберг размениле мислења за мерките за спречување на кршењето на човековите права во израелско-палестинскиот судир, кој е во тек, и за продолжување на испораката на хуманитарна помош за цивилите во Газа.
Ердоган нагласи дека ставот на западните земји го зголемува кршењето на човековите права во Газа и подвлече дека неуспехот на земјите да се обидат за го запрат Израел би имал непоправливи последици.
Тој нагласи дека Запад и глобалното јавно мислење мораат под итно да преземат акција за ставање крај на хуманитарните трагедии кои биле очигледни, но сепак се игнорирани.