Zehra Ulucak
10 Јануари 2018•Ажурирај: 10 Јануари 2018
СЕУЛ (АА) - Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин, е подготвен на разговор со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, доколку бидат исполнети одредени услови, јавува Anadolu Agency (AA).
Мун изјави дека учеството на Северна Кореја на Зимските олимписки игри, кои наредниот месец ќе се одржат во Јужна Кореја, е многу пожелно.
Тој смета дека односите меѓу двете Кореји нема да се развијат, доколку не се оствари напредок во запирањето на програмата на Пјонгјанг.
Предупреди дека Северна Кореја, доколку повторно започне со провокации, ќе се соочи со поостри меѓународни санкции и притисоци.
„Денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров е пат кон мирот и нашата цел“, изјави Мун.
Јужнокорејскиот претседател изјави дека е подготвен на секаков вид средба што ќе помогне за развивање на односите со Северна Кореја и за решавање на напнатостите создадени со нуклеарната програма на Пјонгјанг.
По вчерашниот состанок на претставниците на двете земји, одржан по двегодишна пауза, Северна Кореја соопшти дека на Зимските олимписки игри ќе прати делегација што ќе се состои од спортисти, раководители, набљудувачи, новинари и навивачи.