Adam Abu-bashal
07 Октомври 2022•Ажурирај: 10 Октомври 2022
АБУЏА (АА) - При потонување на чамец со кој се превезувале луѓе кои бегале од оружените напади во нигериската држава Замфара, животите ги загубија 26 лица, известува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во националните медиуми, чамец со луѓе кои бегале од членовите на вооружена банда во нигериската држава Замфара, потонал во подрачјето на местото Букујум.
Владата објави дека на заробените вооружени членови на бандите ќе им се суди за смртна казна.
Државата Замфара веќе пет години е место на насилни конфликти меѓу племето Фулани кое се занимава со сточарство и некои племиња кои се занимаваат со земјоделство.
Претседателот на Нигерија, Мохамед Бухари, претходно ги забрани рударските активности во државата поради безбедносни проблеми.