Emel Öz Gözellik
13 Април 2016•Ажурирај: 14 Април 2016
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку 12 лица загинаа при пад на кран на градилиште во подрачјето на Гуангдонг во јужниот дел на Кина, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што наведува кинеската новинска агенција Синхуа, до несреќата дошло кога кран паднал на градилиште каде што се наоѓале монтажни куќи. Загинаа најмалку 12 а повредени се 14 лица.
Повредените лица се наоѓаат на лекување а се претпоставува дека кранот паднал поради силниот ветер. Спасувачките акции се во тек.