Muhammet Nazım Taşçı,Muhammet Nusret Altun
09 Август 2019•Ажурирај: 11 Август 2019
РИО ДЕ ЖАНЕИРО
Приведен е Еике Батиста, бразилскиот бизнисмен кој еден период беше најбогатиот човек во таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Од бразилската Федерална полиција информираат дека Батиста, кој претходно бил во домашен притвор, бил приведен под сомнение за „пазарна манипулација“ и „перење пари“.
Во притвор ќе биде 5 дена, со можност мерката притвор да се продолжи.
Претходно Батиста е осуден за давање поткуп од 16,5 милиони долари на Сержо Кабрал, поранешниот гувернер на Рио де Жанеиро, за да добие некои тендери. Минатата година поради корупција и „перење пари“ е осуден на 30 години затвор.
Адвокатите на Батиста приложија жалба.