Meiramgul Kussainova
08 Јануари 2022•Ажурирај: 09 Јануари 2022
Поранешниот шеф на Националниот безбедносен комитет на Казахстан, Карим Масимов, е приведен под сомнение за предавство на државата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди казахстанскиот Национален безбедносен комитет.
Се истакнува дека на 6 јануари Комитетот започнал истрага врз основа на членот „предавство на државата“ од Кривичниот законик на Република Казахстан.
Според соопштеното, Масимов е приведен под сомнение дека го извршил ова кривично дело.
Масимов, заедно со други лица приведени во рамки на истрагата, се пренесени во центрите за привремен притвор.
Инаку, Масимов кој на оваа позиција беше назначен во 2016 година, по протестите што започнаа во различни градови во земјата беше разрешен од функцијата на 6 јануари со одлука на казахстанскиот претседател Касим Џомерт Токајев.