Про-палестински протест против израелските напади врз Газа одржан во Вашингтон
- Облечени во бела облека со црвени детали кои симболизираат крв и носејќи бели маски, маршираа низ центарот на американската престолнина, носејќи транспаренти со пораки, против, како што го нарекуваат, геноцидот во Газа.

СКОПЈЕ (АА) - Група про-палестински активисти одржаа протест во Вашингтон вчера, повикувајќи на итен прекин на израелските напади врз Појасот Газа, јавува Анадолу.
Облечени во бела облека со црвени детали кои симболизираат крв и носејќи бели маски, маршираа низ центарот на американската престолнина, носејќи транспаренти со пораки, против, како што го нарекуваат, геноцидот во Газа.
Дел од нив држеа и кукли во форма на бебиња, потсетувајќи на големиот број убиени деца во израелските напади.
Од почетокот на нападите во октомври 2023 година досега во Газа убиени се најмалку 51.000 Палестинци, од кои повеќето жени и деца.
Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.