Mustafa Yıldırım
25 Април 2018•Ажурирај: 26 Април 2018
АФРИН/ИЗМИР (АА) - МУСТАФА ЈИЛДИРИМ - Специјалните одреди на Турските безбедносни сили го продолжуваат процесот на деминирање и чистење на минско-експлозивните средства во сирискиот регион Африн, кој за време на операцијата „Маслинова гранка“, е ослободен од терористите на ЈПГ/ПКК и ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
На деминирањето во сириското подрачје Рајо и околните села работат припадници на Турските специјални единици, на жандармеријата и полицијата, а поддршка им пружаат и припадниците на Слободната сириска војска.
На ослободеното подрачје запленета е голема количина оружје и експлозиви кои терористите ги поставиле пред бегството од африскиот регион.
Терористите побегнаа пред налетот на Турските безбедносни сили и Слободната сириска војска, а турските сили сега во ослободените села ги чистат минско-експлозивните направи за да се овозможи безбеден живот за повратниците во тие места.
Минските полиња и темпираните експлозивни направи кои ги поставија терористите се само уште еден доказ дека ЈПГ/ПКК не придава никаква важност за животот на цивилите.