свет

Во Грција протести поради новите мерки за заштеда

Околу 2.500 пензионери дојдоа од различни делови на Грција во Атина за да демонстрираат против владината политика на стегање на појасот

Furkan Naci Top  | 25.04.2018 - Обновена : 26.04.2018
Во Грција протести поради новите мерки за заштеда

Atina

АТИНА (АА) - Околу 2.500 пензионери дојдоа од различни делови на Грција во Атина за да демонстрираат против владината политика на стегање на појасот, јавува Anadolu Agency (AA).

Пензионерите, на повик на синдикатите при Панхеленскиот работнички фронт (PAME) се собраа на плоштадот Коција од каде што се движеа кон зградите на Министерството за финансии и труд.

Тие демонстрираа против новите мерки за заштеда кои на сила треба да стапат во 2019 година.

Двочасовните протести се завршени без инциденти.

Економската криза која во Грција е присутна повеќе години резултираше со остри мерки за заштеда и намалување до 40 отсто. Поради новите мерки често доаѓа до протести.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın