Ekip
28 Март 2025•Ажурирај: 28 Март 2025
Десетици жители на Хаити вчера се собраа во различни делови на Порт-о-Пренс, продолжувајќи со протестите со кои бараат од Владата да преземе акција за подобрување на безбедноста во земјата, јавува Анадолу.
Хаити со години се соочува со бранови насилства од криминални банди, а тоа дополнително се влоши по атентатот на претседателот Жовенел Моиз во 2021 година.
Според извештаите, вооружените групи контролираат дури 80 отсто од главниот град, тероризирајќи го населението преку убиства, киднапирања и силувања, додека решението за кризата сè уште не е на повидок.
Според податоците на Обединетите нации, Националната полиција на Хаити располага со околу 9.000 полицајци што треба да осигурат безбедност за повеќе од 11 милиони жители на земјата.