Mustafa Deveci
23 Март 2022•Ажурирај: 24 Март 2022
КИЕВ (АА) - Четири лица се повредени во синоќешните напади на руските сили врз Киев, главниот град на Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со влегувањето на војната меѓу Русија и Украина во својот 28. ден, продолжуваат нападите на руските сили врз Киев.
Во нападот на руските сили на населбата Нивки во Киев, изгореа две куќи. Искршени се и прозорците на некои од околните куќи.
Од друга страна, во вестите објавени во украинскиот печат се наведува дека некои области во Киев, меѓу кои и еден трговски центар, од синоќа се цел на руските сили.
Во вестите се информира дека во нападите врз Киев се повредени најмалку 4 лица.