Ekipa
08 Мај 2017•Ажурирај: 09 Мај 2017
ПАРИЗ (АА) - Француската партија од крајната десница, Национален фронт (NF), најави длабоки промени во таа политичка група, кои вклучуваат и промена на името на партијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кандидатот на десницата во вториот круг на претседателските избори во Франција, Марин Ле Пен, која синоќа беше поразена од Емануел Макрон, во своето прво постизборно обраќање најави дека ќе направи длабоки промени во партијата.
Привремениот претседател на партијата, Стејв Бриоа, изјави дека тие промени вклучуваат и промена на името на партијата, што, како што рече, „ја отвора вратата на движењето други личности да дадат ново име на почетокот на нова основа“.
Изборните резултати ги оцени како полупобеда бидејќи партијата освои повеќе гласови од кога било досега.
Во таа партија веќе подолго време се зборува за промена на името, но тоа за некои членови на Националниот фронт им изгледаше премногу радикално.
Промената на името ќе ѝ помогне Марин Ле Пен да се дистанцира од антисемитистичкото минато на партијата, но и на нејзинот татко десничар, основач на партијата, Жан-Мари Ле Пен.
Во Франција вчера се одржа вториот круг од претседателските избори во кои лидерот на движењето „En Marche“ (Напред) освои 66,06 отсто од гласовите, додека неговата противкандидатка Марин Ле Пен имаше 33,94 отсто, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата.
Избраниот кандидат треба до 14 мај да ја преземе должноста од претседателот Франсоа Оланд.
По претседателските избори, Франција ја очекуваат и парламентарни избори во средината на јуни.