Hasan Esen,Ata Ufuk Şeker
19 Ноември 2016•Ажурирај: 20 Ноември 2016
БРИСЕЛ (АА) - Турците коишто живеат во Белгија организира голем протест со цел да го осудат тероризмот и да ја поддржат демократијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестот под паролата „Проклество на тероризмот, поддршка на демократијата" се одржа на бриселскиот плоштад Шуман, во непосредна близина на европските институции, а протестот започна со интонирање на државните химни на Турција и Белгија.
Собраните исто така ги прочитаа имињата на загинатите во ноќта на 15 јули, кога припадниците на терористичката организација ФЕТО се обидоа да изведат државен удар. Во текот на протестот на европските институции им ја упатија пораката - „Престанете да го поддржувате тероризмот".
Демострантите коишто со себе носеа турски знамиња ги извикуваа слоганите „Не чуди се Европа, не тестирај го нашето трпение“ и „Секој турчин се раѓа војник“.
Демострациите ги подржа Турско-исламската унија во Европа (АТИБ), ИХХ Белгија, Турскиот сојуз на здруженија (УТВ), Фондацијата Семершах, Унијата демократски Турци во Европа (УЕТД), Верската фондација, Здружението на меѓународни турски бизнисмени (УТАИД), Мили ѓоруш, Фондацијата хајрат, Центарот за семејно советување Брисел (ФАМИС), Здрушението на Емирдаг во Белгија како и Здружението на трабзонците во Белгија.
Во името на граѓанските здруженија беше прочитано соопштение во кое беа истакнати очекувањата од ЕУ и Белгија.
Во сопштението се наведе дека пристуните се собрале за да потврдата на поврзаноста со правото и основните права и слободи како и да ја искажат нивната загриженост.
„Со голема загриженост и разочаранст ја следимие ситуацијата, затоа што Европа дојде во ситуација да им врти грб на вредностите што се гаранција за мирот и проспоритетот. Веруавме дека и ние како дел од големото семејство на Европа имаме право да го кренеме гласот“ се вели во сопштението.
- Европа се наоѓа во ситуаација да има потреба од вредностите што им ги сугерираше на другите
Во сопштението се наве дека очекуваат од ЕУ и земјите членки да застанат за демократијата, човековите права и легитимно избраните влади. Покрај ова во сопштението беше нагласено:
„Тој пат е можен само преку принципиелен став против терористичките организации и сите други организации кои го поддржуваат тероризмот. ЕУ и Белгија немаат право на збор доколку самите не ја почитуваат листата на терористичките организации. Невозможно е демократијата и тероризмот да бидат заедно. Европа се наоѓа на иста линија со терористичката ПКК која убива луѓе. Европа се наоѓа во ситуаација да има потреба од вредностите којшто им ги сугерираше на другите.Поради тоа ја повикуваме Белгија и ЕУ уште еднаш да го преиспитаат ставот кон демократијата и тероризмот".
Од друга страна белгиската полиција побара од демострантите да не ги истакнуват турските знамиња, но истото не го направи на протестите во четвртокот кога имаше бели ленти коишто ја симболизират терористичката организација ПКК.