Ekipa
23 Февруари 2019•Ажурирај: 24 Февруари 2019
РИМ (АА) - Неколку десетици католици маршираа по улиците на Рим, протестирајќи поради односот на Ватикан кон свештениците педофили, пренесува Anadolu Agency (AA).
На плакатите што ги носеа жртвите на сексуалните злоставувања и нивните поддржувачи, се осудува молкот на Ватикан, додека на други транспаренти беше испишано „Секуларна правда за сите“. Многумина сметаат дека црквата мора да им дозволи на цивилните власти да спроведат истрага и да ги испитаат свештениците кои сексуално злоставуваат или силувале деца.
На иницијатива на папата Франциско, во Ватикан е одржана конференција за подготовка на стратегија за превенција од насилство внатре во католичката црква.
Сексуланото злоставување од страна на свештениците педофили допрва почнува да добива внимание од јавноста, главно во католичка Италија, каде што свештениците се херои во телевизиските серии и жупаниите кои организираат рекреативни програми за деца, бидејќи државните училишта тоа не го практикуваат.